Заклучоци на Врховниот суд за примена на принципите и ставовите на ЕСЧП во пресудите Бошкоски против РСМ и Јаневски против РСМ
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 31 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022 од 20 јануари 2022 година), на седницата постапувајќи по пресудите на Европскиот суд за човекови права (Бошкоски против Република Северна Македонија, А.бр.71034/13 од 04 јуни 2020 година, конечна на 04 септември 2020 година и Јаневски против Република Северна Македонија, А.бр.30259/15 од 19 ноември 2020 година, конечна на 19 ноември 2020 година) и врз основа на направената анализа за доследна примена на принципите и ставовите на Европскиот суд за човекови права изразени во наведените пресуди, на ден 31.01.2022 година, ги донесе следните:
З А К Л У Ч О Ц И
I.Секогаш кога сведок кој е предложен да се распраша на главна расправа пред судот, а истиот не може да се обезбеди поради постоење на некоја од причините наведени во член 388 став 5 од ЗКП, записници за дадени искази пред Јавен обвинител, може со одлука на судот да се изведат како доказ со читање, или со репродуцирање. Пред да се одлучи дали ќе се изведе како доказ исказ даден во истрага судот мора да испита најнапред дали постојат оправдани причини за неприсуството на сведокот на главната расправа; дали изјавата на тој сведок претставува единствена или одлучувачка основа за осудата на обвинетиот и дали постојат доволни фактори на противтежа за да може да се компензира таквата позиција на одбраната како резултат на прифаќањето доказ од сведок коj не бил испитан на главната расправа.
Судиите мора да водат грижа за целокупната правичност на кривичната постапка. Притоа, усогласеноста со барањата за правично судење мора да се испита во секој поединечен случај, имајќи го предвид развојот на постапката како целина, а не врз основа на изолирана оценка на еден посебен аспект или настан.
Релевантните принципи во врска со жалбените наводи за повреда на правата на одбраната поради докази обезбедени од отсутен сведок, презентирани во случаите на Трампевски, Пападакис, Бошкоски и Јанески против РСМ ќе се применуваат во сите случаи во врска со отсутните сведоци и сведоците со прикриен идентитет (анонимни сведоци).
II.Одржувањето на јавни судски рочишта (главна расправа) претставува фундаментален принцип на правичното судење. Со транспарентно спроведување на правдата, јавноста придонесува во исполнувањето на целта на правично судење, еден од основните принципи на секое демократско општество, во рамките на значењето на Конвенцијата и националните закони. Сепак, барањето за одржување јавна главна расправа подлежи на исклучоци, особено кога тоа е во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, понатаму таму каде што тоа го бараат интересите на малолетни лица или заштитата на приватниот живот на странките, или до степен кој е нужно неопходен според мислењето на судот во посебни околности каде јавноста би наштетила на интересите на правдата. Покрај тоа, може да биде неопходно да се ограничи отворениот и јавен карактер на постапките со цел, на пример, да се заштити безбедноста или приватноста на сведоците или да се промовира слободна размена на информации и мислења при спроведување на правдата.
Во сите случаи, пред да се исклучи јавноста во кривичната постапка, судијата мора конкретно да утврди и да ги образложи причините за тоа дека исклучувањето е неопходно за да се заштити јавниот интерес, при што мора да ја ограничи тајноста до степен што е неопходен за зачувување на тој интерес. При утврдувањето дали таа одлука in camera е компатибилна со правото на јавна главна расправа како составен елемент на правото на правично судење, од релевантно значење е тоа дали јавниот интерес е избалансиран со потребата за отвореност, дали на одбраната и биле презентирани сите докази и дали постапката како целина била правична.
О б р а з л о ж е н и е
Oдделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 31.01.2022 година расправаше по изготвената анализа на предметите во Одделот за казниви дела од аспект на сослушување на сведоците во кривичните постапки и исклучувањето на јавноста и беа разгледани пресудите на Европскиот суд за човекови права (Бошкоски против Република Северна Македонија, А.бр.71034/13 од 04 јуни 2020 година, конечна на 04 септември 2020 година и Јаневски против Република Северна Македонија, А.бр.39259/15 од 19 ноември 2020 година, конечна на 19 ноември 2020 година) и ги донесе следните заклучоци: I.Секогаш кога сведок кој е предложен да се распраша на главна расправа пред судот, а истиот не може да се обезбеди поради постоење на некоја од причините наведени во член 388 став 5 од ЗКП, записници за дадени искази пред Јавен обвинител, може со одлука на судот да се изведат како доказ со читање, или со репродуцирање. Пред да се одлучи дали ќе се изведе како доказ исказ даден во истрага судот мора да испита најнапред дали постојат оправдани причини за неприсуството на сведокот на главната расправа; дали изјавата на тој сведок претставува единствена или одлучувачка основа за осудата на обвинетиот и дали постојат доволни фактори на противтежа за да може да се компензира таквата позиција на одбраната како резултат на прифаќањето доказ од сведок коj не бил испитан на главната расправа.
Судиите мора да водат грижа за целокупната правичност на кривичната постапка. Притоа, усогласеноста со барањата за правично судење мора да се испита во секој поединечен случај, имајќи го предвид развојот на постапката како целина, а не врз основа на изолирана оценка на еден посебен аспект или настан.
Релевантните принципи во врска со жалбените наводи за повреда на правата на одбраната поради докази обезбедени од отсутен сведок, презентирани во случаите на Трампевски, Пападакис, Бошкоски и Јанески против РСМ ќе се применуваат во сите случаи во врска со отсутните сведоци и сведоците со прикриен идентитет (анонимни сведоци).
II.Одржувањето на јавни судски рочишта (главна расправа) претставува фундаментален принцип на правичното судење. Со транспарентно спроведување на правдата, јавноста придонесува во исполнувањето на целта на правично судење, еден од основните принципи на секое демократско општество, во рамките на значењето на Конвенцијата и националните закони. Сепак, барањето за одржување јавна главна расправа подлежи на исклучоци, особено кога тоа е во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, понатаму таму каде што тоа го бараат интересите на малолетни лица или заштитата на приватниот живот на странките, или до степен кој е нужно неопходен според мислењето на судот во посебни околности каде јавноста би наштетила на интересите на правдата. Покрај тоа, може да биде неопходно да се ограничи отворениот и јавен карактер на постапките со цел, на пример, да се заштити безбедноста или приватноста на сведоците или да се промовира слободна размена на информации и мислења при спроведување на правдата.
Во сите случаи, пред да се исклучи јавноста во кривичната постапка, судијата мора конкретно да утврди и да ги образложи причините за тоа дека исклучувањето е неопходно за да се заштити јавниот интерес при што мора да ја ограничи тајноста до степен што е неопходен за зачувување на тој интерес. При утврдувањето дали таа одлука in camera е компатибилна со правото на јавна главна расправа како составен елемент на правото на правично судење, од релевантно значење е тоа дали јавниот интерес е избалансиран со потребата за отвореност, дали на одбраната и биле презентирани сите докази и дали постапката како целина била правична.
Oдделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија заклучоците ги донесе со цел да помогнат на пониските судови во примената на релевантните законски одредби и на судската пракса на Европскиот суд за човекови права во заштита и јакнење на принципот на владеење на правото.
Оддел за казниви дела
Заклучок на Врховниот суд за одржување расправа пред Апелациониот суд во прекршочна постапка
Правно мислење на Врховниот суд за начин на стекнување на сопственост врз моторно возило
Надлежен орган да одлучува за гаранција истакната во жалба по притвор – заклучок на Врховниот суд
Службена белешка не е доказ во постапка пред судот
Заклучок на Врховниот суд за определување на трошоци во кривична постапка
Заклучок на Врховниот суд во врска со казнивост за обид на кривично дело „Тешка кражба“
Сентенца на Врховниот суд за еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка
Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците
Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд
Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор
Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет
Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В