Заклучоци од јавната расправа за економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот
Комисијата за економски прашања на Собранието одржа јавна расправа на тема: „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот во Република Македонија“.
Свое обраќање на јавната расправа имаа: Џон Илија Апелгрин и Јанаки Митровски од НВО Билка; Емилија Котевска од Медицинскиот центар „Неуромедика“; д-р Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести; Давор Ангеловски од „Про-висон“; д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија; проф. д-р Силвана Манасиевска-Симиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје; Ѓоше Стефков од Фармацевтскиот факултет – Скопје; Филип Секулоски од НВО „Бивиум“; Филип Аврамчев од ЛДП; пратеничките Маја Морачанин, Мирсада Емини-Асани и Катерина Кузмановска; д-р Дејан Гацов; проф. д-р Зоран Димов од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и Гордана Трендовска-Серафимовска, претставник од „Реплек фарм“.
На јавната расправа беа истакнати разни мислења за економските и здравствените придобивки од канабисот, неговата употреба во земјоделството и индустријата, потребата од соодветни законски измени за подобро регулирање на оваа материја, препораки и соодветно образование на потребните кадри.
„Декриминализацијата на употребата на канабисот може да има економски придобивки за граѓаните, за земјоделството и за државата“, е генералниот заклучок од расправата, на која дел од пратениците порачаа дека декриминализацијата на употребата на канабисот треба да се преточи во законски норми.
Адвокатот и основач на здружението за канабис и зелени политики „Билка“, Јанаки Митровски, вели дека првенствена заложба е декриминализација на канабисот кога нема елементи на продажба и измени на Кривичниот законик со кои ќе се одреди што е помала количина за лична употреба.
„Измени со кои законски ќе се одреди која количина државата ја смета за лична употреба во услови кога нема други елементи на продажба, што ќе доведе до состојба на владеење на правото, дестигматизација на уживателите на канабис и нивна декриминализација, но и ќе донесе директни и индиректни економски придобивки за државата, која веќе нема непотребно да ги користи и онака скромните ресурси и да ангажира високообразовани инспектори, вештачења на канабис, обвинители и адвокати“, изјави Митровски.
Измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во врска со извозот
Канада – легализација на канабисот чија цел е и спречување на криминалот
Се одржа втората научна трибина посветена на употребата на канабисот во медицински цели
Се основаше Здружение за декриминализација на канабисот
М.В