/ Прочитано:

1.407

Заклучоци од јавната расправа за новиот Предлог-закон за јавно обвинителство, која продолжува и денеска

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците одржа јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Со јавната расправа претседаваше претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, кој истакна дека во последните децении правосудниот систем во земјава не функционира идеално и токму затоа треба да се изгради сериозно законско решение, кое ќе гарантира ефикасен процес во јавното обвинителство и ќе обезбеди правда и праведност.

Предлог-законот за јавно обвинителство го образложи министерката за правда, Рената Дескоска, која притоа информираше дека се подготвувал долг временски период во Министерството за правда, со домашни и странски експерти, со начела засновани на меѓународни стандарди. Таа упати апел да се дадат предлози и сугестии за дополнување на предлог-законот, кои ќе бидат разгледани во работната група и ќе бидат земени предвид, сѐ со цел придонес во владеењето на правото.

Законите ги носат политичарите, но се носат за граѓаните, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, и токму затоа е потребен силен закон за јавното обвинителство, усогласен со законодавството на ЕУ. Како критериуми за оцена на работата на јавните обвинители ги наведе: стручноста, квалитетот, ажурноста, ефикасноста, непристрасноста, совесноста, угледот, етичноста. Во продолжение, Јовески ги повика пратениците да ги поддржат решенијата од овој предлог-закон и оние кои ќе бидат вградени по оваа јавна расправа.

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски, од своја страна, се задржа на оние делови од предлог-законот кои го засегаат самиот Совет, односно на некои недоречености, но даде поддршка на потребата од носење на законот.

Меѓу дискутантите, свои конкретни забелешки за предлог-законот даде професорката по уставно право Гордана Силјановска-Давкова, која беше децидна дека законот треба да се даде на разгледување на Венецијанската комисија и дека не може да се носи по скратена постапка. Со голем дел од нејзините забелешки се согласи и Владо Камбовски, како претседател на Комисијата која го изработуваше предлог-законот. Тој беше дециден дека Собранието се наоѓа во позиција кога мора да го донесе овој закон, дури и по цена на одложени избори, затоа што без владеење на правото нема перспектива за земјата и тоа е суштествен услов за европска интеграција. Професорот Гордан Калјаџиев, исто така, упати критики кон законското решение, нагласувајќи дека текстот има недоречености и дека во таа смисла не е имплементирана европската регулатива.

Во македонскиот Устав се пропишува дека надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Поради големиот интерес, јавната расправа продолжува и денес.

Продолжуваат разговорите за новиот Закон за јавното обвинителство

 

Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

на Карпош и на Битола

М.В