/ Прочитано:

876

Заклучоци од завршната конференција за судските реформи во рамките на проектот „ЗА ПРАВДА“

Се одржа завршната конференција на проектот „ЗА ПРАВДА”, имплементиран од Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Во рамките на проектот беа мониторирани 13 закони, беа изработени 3 квартални мониторинг брифови, а преку проектот се обезбеди поголем обем на информации достапни за јавноста врзани со реформите во правосудството.

На завршната конференција присуствуваа професори, обвинители, суди, граѓански организации, како и владини претставници, давајќи свој критички осврт и експертско мислење за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството, особено за вклученоста на засегнатите страни, експертите и граѓанските организации во креирањето на законите.

Реформите во правосудството беа оценети како особено важни во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ, а донесените закони, во согласност со препораките на Венецијанската комисија и ГРЕКО, обезбедуваат независност на судовите, но и градење на транспарентност. Учеството на граѓанското општество и неговата улога, исто така, беа оценети како особено важни, посебно поради фактот дека некои од донесените закони поради учеството на граѓанските организации имаат поголеми придобивки за самите граѓани.

Експертите се согласуваат со препораките и со заклучоците од Анализата направена од Блупринт групата (http://www.mhc.org.mk/publications/960?locale=mk#.XRYiuRMzau4), а нивните насоки се за поголема транспарентност на процесот, како и за поголема вклученост на сите засегнати страни – експерти, граѓански организации и професионалци.

Дали реформата во кривичноправниот систем ќе овозможи поефикасна борба против корупцијата и високиот криминал?

Корупцијата во Северна Македонија, според ГРЕКО, е сериозен проблем. Но борбата против корупцијата и криминалот не е невозможна и со добра организација и активна вклученост на засегнатите страни, особено на правосудните органи, таа е повеќе од можна и ќе ја врати довербата на граѓаните. Борбата против корупцијата во голема мера зависи и од професионалците кои работат на проблематиката и особено е важно тие да бидат вклучени во сите процеси, од формирањето па сè до имплементацијата на законите, со што би се обезбедила многу поефикасна борба со корупцијата и криминалот. Воедно, беше потенцирано дека за криминалот да стане неисплатлив, потребно е да се подобрат постапките за конфискација на имот и соодветно да се применуваат.

Експертите го потенцираат проблемот со трите особено важни закони – Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик и Законот за јавното обвинителство, задно со решавањето на статусот на СЈО. Очекувањата на Блупринт групата се дека во најскоро време ќе се донесат во транспарентна и инклузивна постапка, со што ќе се придонесе кон поактивна борба против корупцијата и криминалот.

Како новите закони ќе ги реформираат и ќе ги подобрат судството и обвинителството?

Експертите ценат дека Законот за судовите и Законот за Судскиот совет се донесени во транспарентен и инклузивен процес, прифатени се сите препораки од релевантните меѓународни фактори, како Венецијанската комисија и ГРЕКО, а воедно и дека се земени предвид препораките од стручната јавност и граѓанските организации. Новите закони содржат подобрени решенија за повеќе прашања, со кои се очекува да се добие поголема независност и професионалност на судството, со што, во крајна линија, ќе се врати довербата на граѓаните во судството.

Од друга страна, пак, Законот за јавното обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители не се донесени и процесите сè уште траат, но според експертите не се доволно транспарентни и се доведува во прашање квалитетот на крајните законски решенија. И покрај тоа што експертите и граѓанските организации дале свој придонес во работните групи за овие закони, сепак, нивните мислења не биле земени предвид при креирањето на последниот текст на законот, кој сè уште не е споделен со јавноста.

За да се очекува судството и обвинителството да бидат независни и ефикасни, од особена важност е да постои транспарентност на процесот, но и стриктна имплементација на веќе усвоените законски решенија.

Ќе имаат ли граѓаните подобар и олеснет пристап до правда со новите законски измени?

Во зависност од тоа за кој закон станува збор, експертите потенцираат различни придобивки или пак недостатоци во процесите, на групата закони во кои спаѓаат Законот за управни спорови, Законот за бесплатна правна помош и Законот за прекршоците. Овие закони наоѓаат најчеста примена во секојдневниот живот и се особено важни за граѓаните.

Новиот Законот за управни спорови го подобрува пристапот до правда за граѓаните од аспект на обезбедена јавност во постапките, што претходно не беше случај, но фактот што е донесен во нецелосно транспарента постапка резултира во решение со недоволно јасни законски одредби.

Најголем исчекор во пристапот до правда за граѓаните е направен со новиот Закон за бесплатна правна помош, за кој експертите, граѓанските организации и владините претставници заклучија дека е солиден, но не и совршен, но сепак значително го унапредува пристапот до правда за најранливите групи на граѓани. Воедно, финансискиот товар за водење на судските постапки е на страна на државата, што е огромна придобивка за граѓаните.

Драстично намалените прекршочни глоби со новиот Закон за прекршоците, присутните ги оценија како големо олеснување за граѓаните. Високите казни предвидени со претходното законско решение имале голем степен на неизвршливост, проблем кој е премостен со новиот закон, со што се обезбедува остварување на целта на казнувањето.

Мониторинг брифови изработени во рамките на проектот „ЗА ПРАВДА“

Изработените мониторинг брифови можете да ги најдете на следните линкови:

Прв мониторинг бриф: http://www.mhc.org.mk/announcements/860?locale=mk#.XRYgYhMzau4

Втор мониторинг бриф: http://www.mhc.org.mk/announcements/919?locale=mk#.XRYiHRMzau4

Трет мониторинг бриф: http://www.mhc.org.mk/announcements/948?locale=mk#.XRYgRhMzau4

Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022)

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Законот за управување со движење на предметите во судовите презентиран пред Советот за реформи

Тркалезна маса за АКМИС-системот и Законот за управување со движењето на предметите

Објавен Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите

Донесени се заклучоци во врска со состанокот на Поткомитетот за правда и внатрешни работи

Во подготовка Закон за управување со движењето на предметите во судовите

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите

Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања

Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците

Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата

Клучните измени на Законот за судовите

Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В