/ Прочитано:

714

Закон за инспекциски надзор во животната средина во собраниска процедура со европско знаменце

Владата во Собранието поднесе Предлог-закон за инспекциски надзор во животната средина.

Во законското образложение се вели дека основни цели за донесување на овој закон се:

  1. Повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина со кое ќе се обезбеди:
  • планирање на инспекцискиот надзор на целата територија на Република Северна Македонија односно на централно и локално ниво преку донесување на Национална Стратегија и Програма за инспекциски надзор во животната средина;
  • планирање засновано на воспоставени критериуми за процена на ризикот кој го имаат субјектите на надзорот врз животната средина.
  • планирање на инспекциски надзор кој ќе биде во насока на спроведување на дефинираните цели и приоритети согласно стратешките документи во областа на животната средина;
  • воедначено планирање и следење на реализацијата на инспекцискиот надзор на централно и локално ниво и
  1. Обезбедување на постојано и континуирано зајакнување на капацитетите на инспекторите на централно и локално ниво преку воспоставување на механизми за постојаност на кадрите особено на локално ниво како и планирање на потребите за стручно оспособување и усовршување на инспекторите согласно потребите за следење на спроведување на целите и приоритетите во планските документи за инспекциски надзор во животната средина.
  2. Воспоставување на соработка на инспекторите во животната средина на централно и локално ниво.
  3. Надзор врз единиците на локална самоуправа во спроведување на инспекцискиот надзор во животната средина.
  4. Допрецизирање и доуредување на одредени прашања кои се генерално уредени во Законот за инспекциски надзор.

Основните начела на кои се темели овој закон се:

  • начело на превенција;
  • начело на интегриран пристап при вршењето на инспекцискиот надзор и
  • начело на транспарентност и учество на јавноста,
  • како и другите начела кои произлегуваат од Законот за инспекциски надзор.

Законот нуди решенија во насока на надминување на утврдените недостатоци во досегашниот период. Повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина на централно и локално ниво ќе се врши преку донесување на Национална Стратегија за инспекциски надзор во животната средина со кој ќе се дефинираат приоритетите за инспекциски надзор, областите во кои ќе се врши надзор, како и потребните човечки и финансиски ресурси. Спроведувањето на Стратегијата ќе се врши преку донесување на тригодишна Програма  за инспекциски надзор во животната средина. Тригодишната програма е во насока на навремено планирање на потребните финансиски средства согласно идентификуваните потреби и нивно навремено обезбедување на територијата на цела држава.

Планирањето на инспекциски надзор во животната средина ќе овозможи вршење на инспекциски надзор согласно приоритетите и реалните потреби, а во исто време ќе влијае и на обезбедување на рационално и објективно користење на материјалните и човечките ресурси во спроведување на инспекциски надзор кое во насока на исполнување на крајната и единствена цел, а тоа е подобрување на квалитетот на животната средина.

Исто така, предлог законот воведува решенија во насока на обезбедување на постојаност на кадарот на централно и локално ниво односно нивно специјализирање и вршење на работи исклучиво од областа на инспекциски надзор во животната средина. Во законот е предвидено подолгорочно планирање на потребите за стручно усовршување и оспособување на кадарот за вршење на инспекциски надзор во животната средина согласно планираните приоритети во областа на животната средина.

Истовремено, во законот се допрецизирани одредбите во однос на вршење на вонредни (ненајавени) инспекциски надзори, можностите и начинот за земање примероци во исклучителни и итни околности, како и предвидена е посебна дополнителна обврска за изготвување на извештаи за определени видови на инсталации согласно барањата од ЕУ законодавството.

М.В