Закон за потекло на имотот – конфискација на имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже

Она што е најнова мерка и на којашто работиме во моментов е Законот за потекло на имот, нешто што за прв пат се носи во нашата држава, а е важно за отворање на патот за одземање на нелегално стекнат имот и има импликации врз наплатата на даноците кои се влеваат во централниот буџет. Доколку целокупниот имот е законски стекнат и е пријавен во надлежните институции, сопствениците ќе ги подмируваат и давачките кон државата, што следствено ќе влијае врз намалување на даночната евазија “, потенцираше вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија.

За сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имотот во вредност над 30.000 евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.

Николовски рече дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

Тој појасни дека законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.

Овој закон, образложи тој, преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот.

„Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30.000 евра“ рече Николовски.

Промовиран проектот за детектирање и намалување на сивата економија

Новиот Закон за потекло на имот ќе се испрати на мислење до Венецијанската комисија

Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот

Антикорупциската комисија предлага донесување на Закон за потекло на имотот

М.В