/ Прочитано:

2.188

Законите за адвокатурата, за нотаријатот и за извршувањето во програмата за работа на Владата

Ќе продолжи процесот на дигитализација на правосудството како и унапредувањето на судскиот систем и неговото функционирање преку ефикасност во постапувањето, судење во разумен рок, со цел граѓаните навремено да ги остваруваат своите права и да ја вратат довербата во судската власт, се вели во програмата за работата на предложениот нов состав на Владата.

Се предвидуваат мерки за екипирање на истражните центри и јакнење на транспарентноста на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, подобрување на законската рамка во делот на потеклото на имот и конфикација, како и јакнење на капацитетите на институциите за водење на финасиски истраги.

Со Предлог законот за правата на децата, се предвидува адвокатите кои ќе ги застапуваат малолетниците пред МВР и Центарот за социјални работи да бидат исплатени од Буџетот на Министерството за правда согласно Законот за бесплатна правна помош како и лица баратели на азил. 40 Министерство за правда има надлежност во поглед на субвенционирање на државата за првите четири часа на медијација и за таа намена предвидува средства во буџетот.

Примената на Законот за медијација е вистински бенефит за граѓаните затоа што им овозможува на брз, ефикасен и економичен начин да го решат спорот со спогодба. Со изборот на медијација од страна на граѓаните и правните субјекти директно се влијае врз бројот на судските постапки, односно нивниот број значително се намалува.

Во делот на правосудството, се очекува да заврши Собраниската постапка на неколку закони и тоа: нов Закон за Академија за судии и јавни обвинители, усогласен со препораките на ЕК за обука на судии (Академијата останува како единствена точка за влез во професијата), измени и дополнувањата на Закон за парнична постапка, Закон за адвокатура, Закон за медијација, Кривичен законик, Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, нов Закон за компензација на жртвите од кривични дела и Закон за заштитата на личните податоци.

Со Предлог Законот за адвокатура се воведува задолжителна континуирана обука за адвокатите, организирана од Адвокатската комора, со која дополнително ќе ја зајакне адвокатската професија. Измените на Кривичниот законик опфаќаат интервенции во неколку области каде што се наметна потреба од ургентни интервенции, и тоа: имплементација на Истанбулската конвенција, интервенција во кривичните дела кои се поврзани со безбедноста на новинарите, менување на одредени одредби од Кривичниот законик (во сферата на конфискацијата и тортурата) како резултат на пресуди донесени од Европскиот суд за човекови права со кои се утврдува повреда на одредби од Конвенцијата, како и усогласување на Кривичниот законик со Директивата (ЕУ) 2017/1371 за борба против измама во врска со финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право).

Владата ќе го редефинира и Законот за извршители водејќи се пред се од барањата на граѓаните, со цел да биде во поголема функција на нивните интереси, а потоа и на интересите на институциите. Со измените ќе се обезбеди унапредување во делот на прометот и евиденцијата на недвижностите, воведување на дигитализираното работење на извршителите и водењето на нивните евиденции и дигитализирање на дел од постапките за извршување (ќе се воведе електронско јавно наддавање), ќе се прецизираат и поедностават постапките за извршување во интерес на доверителите водејќи сметка и за интересите на должниците со што ќе се доуредат одредбите од законот со цел доследна и поефикасна примена на законот од извршителите при спроведувањето на извршувањата.

Во тек е формирање на работна група за изготвување на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, со цел прецизирање на наплатата на судските такси во постапките пред нотарите за издавање на решение за нотарски платен налог, зголемување ефикасноста на работата на нотарите и јакнењето на професионалните капацитети на нотарите. Во делот на дигитализацијата на правосудниот систем, предвидени се следниве активности:

  • Целосна дигитализација на 34 судови и над 120 судници
  • Измени на постојната законска регулатива за воведување на концептот на дигитализација и судење преку интернет (процесни закони)
  • Обезбедување опрема за судници за онлајн судења
  • Дигитализација на процесот на издавање судски наредби за спроведување на посебни§ истражни мерки за следење и снимање на електронските комуникации
  • Надградба на АКМИС
  • Воведување интероперабилност на судовите, јавните обвинителства, адвокатите, нотарите, Катастарот на недвижности, Централниот регистар, Државното правобранителство и други субјекти и
  • Обезбедување на дигитални услуги за граѓаните

Предлогот за состав на Владата и биографиите на предложените министри

Професорот Тупанчески предложен за нов министер за правда

М.В