/ Прочитано:

1.488

Законите за електронски услуги, за електронски документи и за регистар на население влегуваат во собраниска процедура

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација Владата го утврди текстот на Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги, кој ќе биде доставен до Собранието.

Со овој закон се уредува работата на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога тоа е утврдено со закон, како и работата на судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, субјекти од областа на образованието, здравството, социјалната заштита, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, и воедно се уредуваат и прашањата поврзани со воспоставувањето и функционирањето на Националниот портал за електронски услуги, Каталогот на услуги и Една точка за услуги.

Владата го разгледа и го утврди новиот текст на Предлог-законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги за да се отстранат постојните бариери за прекуграничната употреба на средства за електронска идентификација користени во земјите членки на ЕУ. Целта на оваа регулатива, а со тоа и на овој предлог-закон, е да се воспостави сигурност за пристап до прекугранични електронски услуги, како и да се оствари безбедна електронска идентификација и проверка на автентичност.

Исто така, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за централен регистар на население за да се утврди унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури.

Овие стандарди и процедури кои ќе го допрецизираат принципот на унифицираност при електронска размена и интеграција на податоци, како и принципот на единственост, ќе обезбедат основи за доследна имплементација на принципот на доверливост, со што ќе се зајакнат механизмите за заштита на личните податоци на населението.

Регистарот за населението во Република Македонија ќе ги обезбеди основните предуслови за пристап на граѓаните до јавните услуги обезбедени од страна на надлежни органите и други лица.

Јавна трибина за Законот за централен регистар на население и за Законот за електронско управување и електронски услуги

МИОА ги објави законите за централниот регистар на население, за електронското управување и за електронските документи

Кои лични податоци на граѓаните ќе ги содржи базата на податоци за воспоставување електронски регистар на население

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Владата најавува Регистар на население кој би можел да го замени пописот

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Предлог-законот за бесплатна правна помош и Предлог-законот за електронско управување влегуваат во собраниска процедура

Законски ќе се утврдува содржината на барањата за административните услуги по електронски пат

М.В