/ Прочитано:

1.471

Законите за финансиска поддршка на општините за неплатените обврски во собраниска процедура

Владата на РМ ги поднесе во Собранието на РМ Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог-законот за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Двата закона се предлагаат по скратен постапка.

Со Предлог-законот за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа и единки корисници основани од единиците на локална самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски се врши измена со која се ограничува планирањето на сопствените приходи на основниот буџет на општината. Максимизирањето на планираните сопствени приходи на основниот буџет на општината е со цел елиминирање на отстапувањата на фискалните параметри во однос на проекциите, како и за ограничување на прекумерното трошење.

Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа има цел обезбедување на финансиска поддршка за единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа со цел сервисирање на дел од пријавените доспеани, а неплатени обврски на општините и единки корисници во ЕСПЕО.

М.В