/Прочитано:

916

Законодавството – еден од трите основни столбови за доверливоста на индивидуалните податоци за статистички цели

Државниот завод за статистика е домаќин на Конференција за доверливост на статистичките податоци. На Конференцијата учествуваат 80 претставници на академската заедница, меѓународни организации и статистички институции од целиот свет,  кои во следните три дена ќе презентираат над 40 трудови.

„Фундаменталниот принцип на Обединетите нации, соодветното законодавство и довербата кај давателите на информации се трите клучни столба врз кои се базира доверливоста на индивидуалните податоци за статистички цели“, истакна денеска в.д. директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на отворањето на тридневната заедничка сесија на ОН/ЕКЕ и „Евростат“, посветена на доверливоста на статистичките податоци.

„Според фундаменталниот принцип на ОН, сите податоци за индивидуални лица и деловни субјекти прибрани за продукција на статистички податоци можат и смеат да се користат исклучиво за статистички цели. Постоењето на законодавство, пак, значи обврска на статистичките институции за заштита на индивидуалните податоци“, нагласи Симовски.

М.В