/ Прочитано:

1.500

Законот за амнестија ќе се носи по редовна постапка и ќе се дебатира на јавни расправи

Владата на Република Македонија го усвои Предлог-законот за амнестија и го задолжи Министерството за правда да го преработи текстот на Предлог-законот за амнестија, како текст на Предлог-закон кој се носи во редовна постапка.

Од Владата информираат дека Министерството за правда е задолжено и да предвиди одредба со која ќе биде дефиниран датумот дека тој се однесува за кривични дела предвидени со одредбите од овој Предлог-закон сторени до 20.9.2017 година.

Владата ја истакнува потребата од организирање на јавна расправа и отворена дебата на оваа тема и го задолжи Министерството за правда нив да ги организира по текстот на одредбите од Предлог-законот и пред Владата да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог-законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и отворени дебати.

ПРЕДЛОГ- ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА ПУШТЕН ВО ВЛАДИНА ПРОЦЕДУРА: „Израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица“

M.В