/ Прочитано:

2.161

Законот за амнестија влезе во сила потпишан од Иванов и критикуван од експертите

Претседателот Ѓорге Иванов го потпиша Законот за амнестија, кој е официјално објавен, со што, како што се уредува во законското решение, стапува во сила. На 18 декември Собранието на Република Македонија со 95 гласа „за“ го донесе Законот за амнестија, кој беше подготвен и предложен од група пратеници.

Со Законот за амнестија се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Во таа насока, со Законот за амнестија се уредува постапката за негова примена за лицата против кои е во тек кривична постапка. Постапката за амнестија се поведува по барање на осомниченото, обвинетото и осуденото лице.

„Барањето се поднесува во рок од пет  дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од пет дена по приемот на барањето, доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител“, се пропишува во Законот за амнестија.

Новиот Закон за амнестија наиде на бројни критики од стручната јавност. Според професорот Гордан Калајџиев, законот содржи чудни решенија кои ќе предизвикаат правни последици. Ова, додава професорот,  потврдува дека политиката и натаму се меша во правосудството.

„Претпочитав почисто решение на целосна амнестија за настанот. Моделот на кој се пристапи е веројатно оригинален. Не сум сретнал ваква амнестија во која особено е спорно тоа што се вклучуваат и судовите и обвинителството. Значи, врз основа на закон што го донело Собранието, по мислење на обвинител, со решение на суд, по барање на обвинетите, е едно чудно решение, кое, по моја процена, ќе влече на некој начин опашки, правни последици, така што мислам дека можеше да се избере поедноставно решение. Очигледно дека предноста ја имаа некои политички причини, кои повеќе или помалку ѝ се познати на јавноста“, вели Калајџиев.

Професорот Никола Тупанчески, реагирајќи на Законот за амнестија, истакна дека се работи за уникатен карактер на закон за амнестија непознат во компаративното право и дека треба да биде базично четиво за идните студенти како не треба да изгледа ваков закон.

Според правниот советник Андреј Божиновски, амнестијата претставува општ акт до форма на закон, кој го носи Собранието, за  екскулпирање на определена група на лица за постапки кои се водат против нив.

„За разлика од помилувањето, кое е дадено од претседателот на државата и кое е индивидуално, амнестијата е колективна. Последниот Закон за амнестија впрочем од правен аспект е решение кое содржи конфузност во одредбите, во обврските за судот и обвинителството и општо на целиот процес. Во законот има недоречености и непрецизни работи. Меѓутоа, мора да го препознаеме духот на законот, односно политичкиот прагматизам наспроти правната логика, така што верувам дека иако имаме недостиг на правна логика, тој е донесен со друга цел за надминување на разликите и ослободување од товарот на минатото“ вели  Божиновски.

Незадоволство од законското решение искажа и обвинителката Вилма Рускоска, додека пак судијката Добрила Кацарска вели дека се работи за закон со многу нејасности бидејќи  ниту еден факт не е докажан додека не се докаже во постапка. За Законот за амнестија реагираа и адвокати според кои тој е контроверзен и ќе создаде проблеми во примената.

Постапката за примена на Законот за амнестија за лицата против кои е во тек кривична постапка

Пратениците го изгласаа Законот за амнестија

Официјално објавен Предлог-законот за амнестија, во кој и интеграцијата во НАТО е наведена како цел

Предлог-законот за амнестија за 27 април не доби поддршка од мнозинството пратеници

Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април на собраниска седница

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В