/ Прочитано:

807

Законот за безбедност на храната за животни ќе се усогласува со ЕУ законодавтсвото

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува нов Законот за безбедност на храната за животни.

„Со предлог – законот за безбедност на храната за животни се усогласува националното законодавство со законодавството на Европската Унија и прецизно се уредуваат основните и посебните барања за храната за животни наменета за исхрана на животни кои се одгледуваат за производство на храна за луѓе и храната за животни наменета за исхрана на животни кои не се одгледуваат за производство на храна за луѓе, основните принципи и одговорности на операторите со храна за животни, надлежните органи за безбедност на храна за животни и официјалните контроли на храната за животни, ставањето во промет и употребата на храната за животни, вклучувајќи ги и барањата за означување, пакување и рекламирање на храната за животни, како и употребата и ставањето во промет на адитиви за храна за животни, утврдување на правилата за надзор и обележување на адитивите и премиксите со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, здравјето на животните и нивната благосостојба, заштита на живот“, образложуваат од Министерството.