/ Прочитано:

651

Законот за буџетите ќе се усогласува сo директивите на ЕУ

Министерството за финансии подготвува нов Закон за буџетите. Постапката за изготвување, за донесување, за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и на буџетите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје, како и известувањето за извршување се регулирани во Законот за буџети од 2005 година и со неколку дополнителни измени. Тој закон, велат од Министерството, не е во согласност со новите трендови, со препораките на меѓународните институции и со директивите на Европската Унија.

„Целта е детално уредување на постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на РСМ и буџетите на општините и известување за извршувањето согласно ЕУ директиви. Законот ги регулира и фискалните правила и Фискалниот совет, унапредување на среднорочното буџетско планирање, управувањето со средствата на државата и општините, следењето на финансиските резултати на јавните претпријатијата и трговските друштва, основани од државата и општините, како и воспоставување на Интегриран информатички систем за управување со јавните финансии“, информираат од Министерството за финансии.

М.В