Законот за даночна постапка се усогласува со Законот за прекршоците
Измените на Законот за даночна постапка се во собраниска процедура. Предложените законски измени, се посочува во законското образложение, се во функција на усогласување на одредби предвидени во Законот за даночна постапка, со Законот за прекршоците.
„Со Законот за даночна постапка се уредуваат општото даночно право, постапката на утврдување на данок, постапката на контрола на данок, постапката на наплата на данок, правата и обврските на даночниот обврзник и други прашања од даночната постапка.
Овој закон е единствена основа на општото даночно право и на даночната постапка.
Даночен обврзник е оној којшто должи данок, гарантира за данок, треба да плати или да наплати данок за сметка на трето лице, треба да поднесе даночна пријава и/или даночно објаснување, мора да води книги или записи, или мора да исполнува други обврски кои што му се наложени со даночните закони.
Со измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка се предлага да се изврши усогласување на одредби од овој закон со одредбите од Законот за прекршоците.
Предложените законски измени се во функција на усогласување на одредби предвидени во Законот за даночна постапка со Законот за прекршоците“, се вели во законското образложение.
M.В