/ Прочитано:

1.785

Законот за енергетика како приоритетен закон

По предлог на Комисијата за економски систем и тековна економска политика, Владата го разгледа годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година.

„Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања ја запозна Владата со информација во врска со одржан состанок во Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, Австрија на ден 9.8.2017 година и притоа истакна дека Законот за енергетика треба да биде ставен во приоритетните закони“, истакнуваат од Владата.

Владата го разгледа и годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година и го утврди мислењето врз основа на заедничкото мислење што Министерството за економија го подготви во соработка со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и во координација со економските ресори, при што треба да се имаат предвид поединечните мислења на Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство и го достави во понатамошна процедура во Собранието на Република Македонија.

M.В