/ Прочитано:

1.989

Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани во собраниска процедура

Предлог-законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници  е во собраниска процедура по скратена постапка.

„Предложениот Закон за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници има за цел:

  • директна финансиска поддршка на таргетирани групи на граѓани кои се особено погодени од кризата предизвикана од пандемијата на COVID 19;
  • ублажување на падот на економската активност во земјава и
  • амортизирање на ударот врз економијата на кус рок, предизвикан од пандемијата на COVID 19.

Законот, чие донесување се предлага, се заснова врз следниве основни начела:

  • поголема сигурност и поддршка на ранливи категории на граѓани и
  • раст на економијата.

Основни решенија на предложениот Закон се:

  • доделување на финансиски средства на корисниците на финансиска поддршка на постоечка трансакциска сметка или на новоотворена трансакциска сметка кај банка, наменети за купување на домашни производи и услуги и
  • зголемување на приватната потрошувачка на домашни производи и услуги“, се посочува во законското образложение.

М.В