Законот за инспекциски надзор на прво читање пред Комисијата за политички систем
На дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за инспекциски надзор. Предлог-законот е во фаза на прво читање.Со новиот Закон за инспекциски надзор инспекцијата нема да се доживува како репресија, велат од МИОА.
Општата цел на Предлог-законот за инспекциски надзор, се вели во законското образложение, е надминување на неконзистентноста и детектираните слабости во применувањето на сегашниот Закон за инспекциски надзор и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и уедначено вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на надзор.
Во овој контекст, специфичните цели на Предлог-законот вклучуваат:
- претпоставување на превентивниот пред репресивниот аспект на инспекцискиот надзор преку воведување на опомена како примарна инспекциска мерка;
- зголемена сигурност и предвидливост за субјектите на надзор, со задолжителноста на листите на проценка и степенувањето на ризикот;
- подобрување на ефективноста на Инспекцискиот совет преку појасно и попрецизно определување на неговата улога и надлежност;
- подобрување на координативните и контролни механизми за следење на работењето на инспекциските служби преку поедноставување на административните обврски кон Инспекцискиот совет;
- подобрување на квалитативната и квантитативната структура на инспектори, преку воведување на нов систем за стекнување со лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите и
- подобрување на атрактивноста на инспекторската професија и зголемување на мотивацијата преку регулирање на правата за додатоци и надоместоци на плата за инспекторите.
Опомената – примарна инспекциска мерка во Предлог-законот за инспекциски надзор
Предлози и забелешки за Законот за инспекциски надзор
МИОА: Јавна расправа за Предлог-законот за инспекциски надзор
Реформата на инспекциските служби значајна за работата на компаниите
Се подготвува нов Закон за инспекциски надзор
М.В