/ Прочитано:

1.985

Законот за јазиците се подготвува во Министерството за правда, вели премиерот Заев

Законот за јазиците се подготвува и ќе биде донесен пред локалните избори, изјави денеска претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.

Законот за јазиците, посочи Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу бргу се очекува да биде доставен до Владата од каде што потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот. Собраниска седница, додаде претседателот на Владата, може да има и пред добивањето на експертизата од Венецијанската комисија.

„Ние може да го донесеме законот,  а ако има некакви забелешки од Венецијанската комисија, да седнеме и да дополниме нешто ако се согласуваме со забелешките“, посочи Заев.

„Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја. Ако овој закон го донесеме и почне неговата имплементација, тогаш ќе имаме повеќе време да се посветиме на економските прашања. Немаме никакви предрасуди“, додаде претседателот на Владата на РМ.

М.В