/ Прочитано:

2.850

Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со европско знаменце во Собранието

Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е поднесен во Собранието со европско знаменце. Со предложените решенија, се вели во законското образложение, ќе се обезбеди подобра контрола на опојните дроги и психотропните супстанции.

Со измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и  психотропни супстанции во 2016 година се уредија условите за одгледување на канабис за медицински цели од правни лица кои по исполнување на условите во однос на простор, опрема и кадар, оценети од страна на Комисија формирана од министерот за здравство, добиваат одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, по претходна добиена согласност од Владата на Република  Северна Македонија.

„Правното лице, одгледувач на канабис за медицински цели, сувата маса од растението ја обработува исклучиво во Република Северна Македонија од правно лицe кое има дозвола за производство на екстракти од канабис. Одгледаниот канабис за медицински цели во Република Северна Македонија може да се преработува  исклучиво во Република Северна Македонија од правни лица што поседуваат дозвола за производство на екстракти од канабис.

Со новиот предлог на закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните Конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.

Досега во Република Северна Македонија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија имаат добиено дваесет и девет фирми, со тенденција тој број да се зголемува. Интересот за инвестирање во Република Северна Македонија за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис-клима, како и евтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и  поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис“, се вели во законското образложение во врска со некои од законските решенија.

На почеток на овој месец, Владата соопшти дека за утврдените законски измени за одгледувањето канабис за медицински цели ќе има јавна расправа.

Заклучоци од јавната расправа за економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот

Измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во врска со извозот

Канада – легализација на канабисот чија цел е и спречување на криминалот

Предложени законски измени за дистинкција меѓу поимот коноп за индустриска употреба и канабис за медицински цели

Се одржа втората научна трибина посветена на употребата на канабисот во медицински цели

„Да ги следиме современите трендови за легализација на канабисот“ – порачa стручната јавност пред бројната публика на Правниот факултет

„Се залагаме за целосна декриминализација на канабисот“ – ЈАНАКИ МИТРОВСКИ, адвокат и еден од основачите на Здружението за декриминализација на канабисот во РМ

Се основаше Здружение за декриминализација на канабисот

АДВОКАТ ЈАНАКИ МИТРОВСКИ: Вака предложената медицинска употреба на канабисот мириса на фармацевтски монопол

„СУПЕРИОРЕН ЕЛИКСИР НА БЕСМРТНОСТА“ – Законските измени за легализација на марихуаната во медицински цели пред пратениците

ХОПС: Потребен е посебен закон за медицинската употреба на канабисот – лесен пристап до евтини лекови

ТЕКСТ НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ ВО МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ: Дефиниции на коноп и масло од канабис, начин на одгледување, производство и казни

Наспроти стереотипите: Легализација како начин на сузбивање на трговијата со наркотици – адвокат Јанаки Митровски

М.В