Законот за менување на името на МАНУ пред пратениците
На дневен ред на денешната собраниска седница се измените на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, чиј предлагач е Владата. Целта на предложените законски решенија, се вели во образложението, е усогласување со Амандманот XXXIII на Уставот на Република Северна Македонија.
Со Предлог-законот се менува насловот на законот од „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ во „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“, додека пак зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.
М.В