/ Прочитано:

767

Законот за објавување на законите и другите прописи ќе се усогласува со Законот за употреба на јазиците

Министерството за правда подготвува измени на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија“.

„Цели на Предлог-законот се објавувањето на законите и другите акти, како и издавањето на службеното гласило да се врши покрај во печатена и во електронска форма, како и усогласување со Амандманот XXXIII, кој се однесува на името на Републиката и со Законот за употреба на јазиците“, велат од Министерството за правда, од каде што посочуваат и дека законските измени ќе се однесуваат и на усогласувањето со Законот за прекршоците.

М.В