/ Прочитано:

1.757

Законот за покачување на платите во јавниот сектор на собраниска седница по скратена постапка

Група пратеници во Собранието предложија измени на Законот за исплата на платите во Република  Македонија, по скратена постапка. Измените се на дневен ред на денешната собраниска седница. Со донесувањето на Законот ќе се обезбеди исплата на платите за вработените во јавниот сектор во рамките на планираните буџетски средства, како и усогласување со Законот за прекршоците.

„Платите во Република Северна Македонија се исплатуваат согласно со закон и колективен договор. Во функција на обезбедување на контрола во исплатата, со  Законот за исплата на платите во Република Македонија се врши ограничување во исплатата на платите. Имено, ограничувањето се однесува на   работодавачите со  степен на приватизација  под 51% .

Со Законот ограничен е порастот на платите за вработените во јавниот сектор (буџетските корисници, јавни установи, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите), со исклучок на корекции кои се направени со измени на Законот во 2007 година согласно кои измени се корегираа платите за по 10% од октомври 2007 и за октомври 2008 година, а планираната корекција за октомври 2009 година беше одлагана неколку пати. Со измени на Законот во 2014 година, се изврши корекција на платите за октомври за 4%.

Со цел да се обезбеди покачување на платите во рамките на обезбедените буџетски средства, кое ќе влијае на поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор, се наметна потребата од дополнување на Законот. Покрај тоа поради донесување на нов Закон за прекршоците се наметна потребата за усогласување со истиот“, се вели во законското образложение.

Законот за покачување на платите во јавниот сектор на собраниска седница по скратена постапка

УПОЗ бара нивните забелешки да се преточат во законските измени за административните службеници

Синдикатот на УПОЗ предлага нов начин на пресметка на платите во администрацијата

Во собраниска процедура законските измени за платите на вработените во јавниот сектор

Објавен текстот на законските измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

Законски измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

М.В