/ Прочитано:

1.730

Законот за правда на децата ќе се усогласува со Законот за бесплатна правна помош

Министерството за правда подготвува измени на Законот за правда за децата. Целта на законските измени е усогласување со одредбите од Законот за бесплатна правна помош и регулирање на постапката за одобрување или неодобрување на барањето за бесплатна правна помош пред центарот за социјални работи.

Со Законот за правда на децата се уредува постапувањето со децата во ризик и децата сторители на дејствија што со закон се предвидени како кривични дела и прекршоци, се определуваат условите за примена на мерки на помош, грижа и заштита, на воспитни и алтернативни мерки и за казнување на децата и помладите полнолетни лица, положбата, улогата и надлежноста на органите што учествуваат во постапувањето со децата и извршувањето на воспитните и алтернативните мерки и казни.

Исто така, со овој закон се уредуваат мерките за заштита на децата жртви на дејствија кои со закон се предвидени како кривични дела и на децата сведоци и мерките за превенција на детско престапништво.

Со Законот за бесплатна правна помош се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, видовите, опсегот на бесплатната правната помош, давателите и корисниците на бесплатна правна помош, нивните обврски и одговорности, постапката во која се остварува правото на бесплатна правна помош, финансирањето, наградата и надоместокот на трошоците за дадената бесплатна правна помош, бесплатна правна помош во прекугранични спорови, транспарентност и отчетност во давањето бесплатна правна помош, посебните постапки за правна помош, надзорот над примената на овој закон и други прашања кои се однесуваат на бесплатната правна помош.

Предложено дополнување на Законот за правда за децата по скратена постапка

Новиот Закон за бесплатна правна помош е успех за граѓанските организации вклучени во неговото креирање

Нов Закон за бесплатна правна помош за еднаков пристап до правдата

Министерството за правда најавува Предлог- закон за бесплатна правна помош

МЗМП: Во Собранието на РМ на иницијатива на неколку граѓански организации се одржа јавна расправа за Предлог – законот за бесплатна  правна помош

АКРМ: По реакциите на Адвокатската комора, Предлог-законот за бесплатна правна помош се враќа на доработка во Министерството за правда

М.В