/ Прочитано:

1.309

Законот за правда за децата ќе се усогласува со европската регулатива

Министерството за правда подготвува измени на Законот за правда за децата, чија цел е усогласување со унапредените меѓународните стандарди.

„Во рамките на ЕУ донесена е Директива (ЕУ) 2-16/800 за процедурални гаранции за децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка. Исто така, процедуралните одредби од ЗПД не се усогласени со ЗКП кој започна со примена во 2013 година, поради тоа се наметнува потребата од хармонизирање на одредбите на ЗПД со ЗКП и Директивата. Потребно е да се зајакнат и механизмите за ефикасна превенција на детското престапништво, не само на локално туку и на централно ниво, како и институционално, материјално и функционално зајакнување на Државниот совет за превенција на детското престапништво.

Во таа насока, цел на законските измени е хармонизирање со новодонесените директиви на ЕУ што се однесуваат на процедуралните гаранции за заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка. Потоа зајакнување на заштитата на децата жртви на кривични дела, вклучувајќи мерки за рехабилитација и интензивирана едукација, како и внесување процедурални одредби во однос на текот на главниот претрес. Со законот, исто така, се предлага фонд за обесштетување на децата жртви и зајакнување на превенцијата на детското престапништво.

Законот за правда на децата ќе се усогласува со Законот за бесплатна правна помош

Предложено дополнување на Законот за правда за децата по скратена постапка

Новиот Закон за бесплатна правна помош е успех за граѓанските организации вклучени во неговото креирање

Нов Закон за бесплатна правна помош за еднаков пристап до правдата

Министерството за правда најавува Предлог- закон за бесплатна правна помош

МЗМП: Во Собранието на РМ на иницијатива на неколку граѓански организации се одржа јавна расправа за Предлог – законот за бесплатна  правна помош

АКРМ: По реакциите на Адвокатската комора, Предлог-законот за бесплатна правна помош се враќа на доработка во Министерството за правда

М.В