/ Прочитано:

1.136

Законот за прекинување на бременоста пред собраниската Комисија за здравство

Предлог-законот за прекинување на бременоста, кој е во фаза на прво читање, е на дневен ред на собраниската Комисија за здравство.

Минатиот месец Владата го разгледа и го усвои Предлог-законот за прекинување на бременоста. Со новиот Предлог-закон, посочија од Владата, жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да решава за прекинот на бременоста.

„Правото на жената за прекинување на бременоста е само нејзин избор. Со измените на Предлог-законот се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури – бариери кои го одолговлекуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста“, образложија од Владата.

Предлози на поборниците за правата на жените за подобрување на Предлог-законот за прекинување на бременоста

Што се предвидува во новиот Предлог-закон за прекинување на бременоста усвоен на владина седница

Објавен текстот на Предлог-законот за прекинување на бременоста

Во подготовка Закон за прекинување на бременоста: Пациентката одлуката да ја донесе без принуда

Се подготвуваат измени на Законот за прекин на бременоста

ПРВИ СУДСКИ СЛУЧАИ И ПРЕСУДА ПО ОСНОВ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА: „Неопходни се законски измени“ – порачуваат адвокатите и експертите

М.В