/ Прочитано:

1.742

Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк  во собраниска процедура

Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк е во собраниска процедура.

Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес, се вели во законското образложение.

„Согласно основните начела за заштита на природата (начело на висок степен на заштита, начело на интегрираност, начело на одржлив развој, начело на претпазливост, начело на превенција, начелото корисникот плаќа, начелото за учество на јавноста и начелото за соработка) Законот ги поставува следните конкретни цели:

– зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните вредности,

– создавање поповолни услови за одржување, развој и унапредување на природните вредности,

– спречување на дејствија со кои посредно или непосредно може да се промени состојбата на природните вредности,

– одржување и управување на националниот парк, со цел заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и

– регулирање на односот на човекот кон природата, заради зачувување на автентичната состојба на националниот парк.

Со решението кое се нуди со овој закон ќе се постави основата за зачувување, унапредување и одржливо користење на природните богатства за научноистражувачка, културна, воспитно-образовна, туристичко-рекреативна и друга намена“, се посочува во законското образложение.

Министерството за животна средина во врска со Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје

Граѓанските организации бараат закон кој ќе спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

М.В