/ Прочитано:

1.186

Законот за работните односи се усогласува со Законот за инспекциски надзор

 

 

Измени на Законот за работните односи се на дневен ред на денешната собраниска седница. Со Законот за изменување на Законот за работните односи се врши усогласување на овој закон со Законот за инспекциски надзор  и со Законот за прекршоците.

Законот за работните односи се усогласува со Законот за инспекциски надзор во делот на институтот опомена како инспекциска мерка која ја заменува досегашната мерка на едукација.

„Имено, надлежниот инспектор при вршењето на инспекцискиот надзор, доколку утврди повреди на одредбите од Законот за работните односи, со решение на  субјектот  на  инспекциски  надзор  ќе му изрече  опомена како инспекциска мерка  и ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците.

Со Законот за изменување на Законот за работните односи се врши усогласување со Законот за прекршоците во однос на одредувањето на висината на глобата за правното лице, одговорното лице во правното лице и работодавач – физичко лице. Исто така, се врши усогласување и во однос на институтот порамнување, со којшто на сторителот на прекршокот му се овозможува плаќање на предвидената глоба во помал износ, доколку сторителот го прими и потпише прекршочниот налог и плати во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот“, се вели во законското образложение.

Прирачник за примена на Законот за инспекциски надзор

М.В