/ Прочитано:

952

Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор објавен на Академика

Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор е објавен на Академика.

„Се ратификува Северноатлантскиот договор, потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, како што е изменет со Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Грција и Турција, потпишaн во Лондон на 17 октомври 1951 година“, стои во Договорот.

Страните на овој Договор, се вели понатаму во Договорот,  ја потврдуваат својата верба во целите и во принципите на Повелбата на Обединетите нации и нивната желба да живеат во мир со сите народи и со сите влади.

Тие се решени да ја чуваат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на своите народи, засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото.

Тие се стремат да промовираат стабилност и добросостојба во Северноатлантската област.

Тие се решени да ги обединат своите напори за колективна одбрана и за зачувување на мирот и безбедноста.

„Страните се обврзуваат, како што е утврдено во Повелбата на Обединетите нации, да решат каков било меѓународен спор во кој тие можат да бидат инволвирани, со мирни средства, на начин со кој нема да бидат загрозени меѓународниот мир, безбедноста и правдата и дека во рамки на своите меѓународни односи ќе се воздржат од закани или од употреба на сила, на каков и да е начин што не е во согласност со целите на Обединетите нации.

Страните ќе придонесат кон натамошен развој на мирните и пријателски меѓународни односи, преку зајакнување на нивните слободни институции, со цел да се овозможи подобро разбирање на принципите на кои се засноваат овие институции и преку промовирање на услови за стабилност и добросостојба. Тие ќе се обидат во своите меѓународни економски политики да ги отстранат судирите и ќе ја поддржуваат економската соработка меѓу некои од нив или со сите“, се наведува во Договорот.

„Страните се согласни дека оружениот напад против една или повеќе од нив во Европа или во Северна Америка ќе се смета за оружен против сите нив и поради тоа се согласни дека доколку се случи таков оружен напад, секоја од нив, користејќи го правото на поединечна или колективна самоодбрана признаено со член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ќе и помогнат на страната или на страните кои се нападнати, преземајќи – поединечно и во соработка со другите страни, мерки што се сметаат за неопходни, вклучувајќи и употреба на оружени сили, заради возобновување и одржување на безбедноста во Северноатлантската област.

За секој таков оружен напад и за сите мерки преземени како резултат на истиот, веднаш ќе биде известен Советот за безбедност. Таквите мерки ќе бидат прекинати кога Советот за безбедност ќе преземе мерки коишто се неопходни за возобновување и одржување на меѓународниот мир и безбедност“, се пропишува во членот 5 од Договорот кој се однесува на членството во НАТО, односно Северноатлантската алијанса.

Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор во собраниска процедура