/ Прочитано:

1.318

Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти во собраниска процедура

Во собраниска процедура е Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти. Предлагач на Законот е Владата.

„Цел на Предлог Законот е регулирање на статусот на бесправните објекти изградени до 1 јануари 2021 година односно утврдување на правен статус на тие што ќе ги исполнат законските услови а отстранување на бесправните објекти кои нема да ги исполнат законските услови.

Начела врз кои се заснова законот се законитост, транспарентност и ефикасност на постапката за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Основните решенија се во насока на јасно дефинирање на видовите на бесправни објекти кои се предмет на законот, потребната документација која треба да се достави од страна на барателите, условите за утврдување на правен статус, обврските и роковите за постапување на надлежните субјекти вклучени во постапките за утврдување на правен статус“, се вели во законското образложение.

Презентирани новините во Предлог-законот за добивање правен статус на бесправно изградени објекти

М.В