/ Прочитано:

2.223

Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси објавен на Академика

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси е  објавен на Академика. Со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се уредуваат мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавните овластувања.

Под корупција, во смисла на овој закон, се подразбира злоупотреба на функцијата, јавното овластување, службената должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник, за себе или за друг

За примена на мерките и активностите надлежна е Државната комисија за спречување на корупцијата. Државната комисија за спречување на корупцијата е самостојна и независна во вршењето на работите утврдени со овој закон и има својство на правно лице.

Државната комисија е составена од претседател и шест члена. Претседателот и членовите на Државната комисија ги именува Собранието на Република Македонија за период од пет години, без право на повторен избор.

Лицето кое во еден мандат ја вршело функцијата претседател на Државната комисија или член на Државната комисија не може да биде избрано повеќе ниту за претседател, ниту за член на Државната комисија.