/ Прочитано:

1.976

Законот за трговија на зелените пазари е непотребен, велат од Стопанската комора

Групацијата за пазарите во рамките на Стопанската комора на Македонија алармира дека има уште многу малку време до примена на Законот за трговија на зелените пазари. Имено, на 31 декември 2019 година истекува времената мерка за одложена примена на Законот за трговија на зелените пазари, која беше донесена во февруари годинава. Со одложувањето на примената требаше да се овозможи преоден рок во кој ќе се усогласат одредени различни ставови за членови од Законот.

„Во меѓувреме, во отсуство на дијалог со надлежните институции, не се усогласени ставовите во однос на спорните членови од Законот, ниту пак се исполнети обврските кои произлегуваат од него во однос на носење на подзаконските акти и дефинирање на функционалноста на коморскиот систем. Сето ова укажува на неподготвеност за примена на Законот за трговија на зелените пазари  со почеток од наредната година, во својата првична верзија како што и беше донесен“, посочи Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Групацијата на пазарите во рамки на Здружението на комуналните дејности при Комората, во текот на годината одржа неколку последователни состаноци околу градењето став на Групацијата по Законот за трговија на зелените пазари, кој е со одложена примена до 1.1.2020 година.

При тоа, на прес-конференцијата беше посочено дека во согласност со примената на актуелната законска регулатива за функционирање на зелените пазари, членките на Групацијата констатираат дека: трговијата на зелените пазари е веќе регулирана со 11 законски решенија (трговијата на зелените пазари е регулирана со: Законот за трговија на зелените пазари, кој е во фаза на одложена примена, Законот за комуналните дејности, Законот за трговија, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Законот за данокот на  личен доход, Законот за данокот на додадена вредност и други), како и со повеќе подзаконски акти меѓи кои Правилникот за минимално технички услови за деловните простори и простории во кои се врши трговија и Одлуката за определување на стоките кои можат да се продаваат на посебно организирани делови на зелените пазари.

Имајќи го предвид претходното, врз основа на посочената регулатива и досега врз работата на зелените пазари се спроведува надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи (Сектор за јавен ред и мир).

Оттаму, членките на Групацијата констатираат дека се доведува под знак прашање потребата од функционирање на посебен Закон за трговија на зелените пазари.

Дополнително, Михајловска-Василевска на прес-конференцијата посочи дека  постои простор за подобрување на одредени сегменти во однос на обезбедувањето  легитимации за трговците на зелените пазари, како и во однос на придонесите од задолжително и социјално осигурување кои тие би ги плаќале, но тоа не смее да биде на штета и да предизвика дополнителни оптоварување на закупците на тезги на зелените пазари.

Во врска со претходните укажувања, Стопанската комора на Македонија најави интензивни средби, по кои ќе се понудат конкретни решенија со цел надминување на посочениот проблем.

Собранието бара од Владата да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари

Ќе се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

РИЗИК ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ: Групацијата за пазари против Законот за трговија на зелените пазари

Групацијата на пазари бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на седница на Законодавно-правната комисија

Законските измени за пензионирањето на рударите и за осигурувањето на трговците на зелени пазари во собраниска процедура

Трговците на зелени пазари ќе имаат легитимации кои ќе ги издава Комората на трговци

ПРЕДЛОЖЕН ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ: „Да се реши работниот статус на лицата кои работат на зелените пазари“

М.В