Законот за управување со движење на предметите во судовите презентиран пред Советот за реформи
На 12. седница на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството (2017 – 2022) беше презентиран Законот за управување со движење на предметите во судовите.
Претставник на Министерството за правда ги запозна членовите на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството со одредбите во законот кој има цел да го спречи застојот и натамошното трупање на судски предмети.
На оваа седница на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството членовите го разгледаа и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители. Министерката за правда, Рената Десковска, им се заблагодари на членовите на Советот за констатираните забелешки и за понудените предлози за измени и дополнувања во насока на финализација на текстот на законот.
Со Предлог-законот за управување со движење на предметите во судовите се зајакнуваат механизмите за aвтоматска распределба на предметите во судовите и се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законитe и Судскиот деловник.
Целите на законот се: обезбедување на правото на природен судија при распределба на предметите во судовите, управување со движењето на предметите во судовите во Република Северна Македонија преку користење на автоматизиран компјутерски систем за управување со судски предмети, спречување на застој во движењето на судските предмети, спречување на создавање на заостаток на нерешени судски предмети и почитување на законските рокови за преземање на процесните дејствија, законските рокови за донесување, изготвување и објавување на судските одлуки и роковите определени со овој закон.
Тркалезна маса за АКМИС-системот и Законот за управување со движењето на предметите
Објавен Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите
Донесени се заклучоци во врска со состанокот на Поткомитетот за правда и внатрешни работи
Во подготовка Закон за управување со движењето на предметите во судовите
М.В