/ Прочитано:

946

Законот за управување со движењето на предметите во судовите во собраниска процедура со европско знаменце

Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите е во собраниска процедура по скратена постапка и со европско знаменце.

„Донесувањето на Закон за управување со движењето на предметите во судовите произлегува  од потребата за реформа на судството во Република Северна Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО и  потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани  на европските стандарди.

Основната  намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија налага продолжување на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување.

Основната цел на предлагањето на овој закон е зајакнување на механизмите за автоматска распределба на предметите во судовите и прецизирање на надлежностите на телата и органите задолжени за неговата примена и контрола.

Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон. Текстот на Законот беше на мислење на надлежните институции“, се вели во законското образложение.

Утврден Предлог-законот за управување со движење на предметите во судовите (АКМИС)

М.В