/ Прочитано:

2.146

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Предглог-законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чиј предлагач е Владата, е во собраниска процедура по скратена постапка.

Предложениoт закон има цел физичките лица да бидат мотивирани самите да бараат да им се издадат фискални сметки поради остварување на правото на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, со што се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема и наплата на даноци, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници.

„Исто така, пропишани се и одредени ограничувања, односно ограничен е износот на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки од којшто може да се  враќа дел, а ограничен е и највисокиот износ на поединечна фискална сметка за која може да се оствари правото на враќање на данокот на 30.000 денари“, се посочува во предложеното законско решение.

„Намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон. Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што истите самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки. Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници.

Со законот се пропишува дека физичките лица кои имаат навршено 15 години возраст доколку ги исполнат условите пропишани со законот, ќе можат да го остварат правото на враќање на дел од данокот на додадена вредност.

За остварување на ова право, истите ќе треба да ги пријавуваат податоците од бар-кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Со горенаведеното пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 % од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје“, се образложува во Предлог-законот.

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В