/ Прочитано:

499

Законот за заем во врска со локалните патишта пред Комисијата за финансирање

Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе расправа за Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта. Предлог-законот е поднесен по скратена постапка и е во фаза во второ читање. Пред Комисијата на дневен ред  е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк.