Законот за занаетчиство ќе се усогласува со Законот за инспекциски надзор и со Законот за прекршоците
Министерството за економија подготвува измени на Законот за занаетчиство, чија цел е усогласување со Законот за прекршоците и со Законот за инспекциски надзор.
„Доколку одредбите за прекршоци од Законот за занаетчиство не бидат усогласени со Законот за прекршоци и со Законот за инспекциски надзор во рамки на законски предвидениот рок, ќе настане колизија помеѓу прекршочните одредби од системските закони и Законот за занаетчиство“, велат од Министерството за економија.
Со Законот за занаетчиство се уредуваат условите за вршењето на занаетчиска дејност и за издавање на занаетчиската дозвола, водењето на Занаетчиски регистар, организирање на чирачката работа, како и организирање и финансирање на коморски систем.
Со Законот за инспекциски надзор се уредуваат условите и начинот на издавање и одземање лиценца за инспектор, правата и должностите на инспекторите, основите за организација и работа на инспекциските служби, основните права и обврски на субјектите на инспекциски надзор, основањето, статусот и работата на Инспекцискиот совет, начинот и постапката на вршење инспекциски надзор, како и други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.
Со Законот за прекршоците, пак, се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.
Во подготовка измени на Законот за Царинската управа
Усогласување на законите за едношалтерскиот систем и за трговските друштва со Законот за прекршоците
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
M.В