Законот за заштита на правата на пациентите на второ читање пред Комисијата за здравство
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите – е на второ читање пред собраниската Комисија за здравство.
Со Законот за заштита на правата на пациентите се уредуваат: заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и фондот за здравствено осигурување во унапредувањето и заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на законот.
Со измените и дополнувањата во законот, се вели во законското образложение, се врши вклучување на сите можни облици на дискриминација, со цел заштита од појава на секаков облик на дискриминација при користење на здравствени услуги, вклучително попреченоста и родовиот идентитет за еднаквост во остварување на правата и обврските на пациентите, како и вклучување на претставници на здруженијата на лицата со попреченост и жените жртви на насилство во работата на комисиите за унапредување на правата на пациентите.
Целта на измените и дополнувањата во Законот за заштита на правата на пациентите e:
– да се обезбеди и промовира целосно остварување на човековите права и основни слободи на сите лица без каква било дискриминација, вклучително и врз основа на попреченост и родовиот идентитет и пол,
– забрана на дискриминација во обезбедувањето на правата на пациентите содржани во законот,
– унапредување и заштита на правата на пациентите со нивно активно вклучување во комисиите за унапредување на правата на пациентите во општините во државата.
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите се заснова врз истите начела врз кои се заснова и Законот за заштита на правата на пациентите.
Во Законот се содржани следниве основни решенија:
– уредување на поимот „лице со попреченост“,
– вклучување на сите можни облици на дискриминација, со цел заштита од појава на секаков облик на дискриминација при користење на здравствени услуги,
– еднаквост во остварување на правата и обврските на пациентите,
– вклучување на претставници на здруженијата на лицата со попреченост и жените жртви на насилство во работата на комисиите за унапредување на правата на пациентите.
Измените на Законот за здравствена заштита пред собраниските комисии
Измените на Законот за заштита на правата на пациентите во собраниска процедура
М.В