Законот за заштита на укажувачи ќе се усогласува со Законот за прекршоците
Министерството за правда подготвува измени на Законот за заштита на укажувачи. Целта на законските измени е усогласување на прекршочните одредби од Законот за заштита на укажувачи со одредбите од Законот за прекршоците.
Со Законот за заштита на укажувачи се уредуваат заштитеното пријавување, во јавниот и приватниот сектор, заради заштита на јавниот интерес, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.
Со Законот за прекршоците, пак, се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.
Резултатите и искуството од досегашната примена на Законот за заштита на укажувачи покажуваат незадоволително ниво на спроведување на Законот, се вели во извештаите за примената на Законот, како од институциите така и од невладините организации.
Незадоволителното ниво на спроведувањето на Законот првенствено се должи на недоволно изразената политичка волја за добро управување и за воспоставување на системот на заштитено пријавување и заштита на укажувачите.
Исто така, се посочува во извештаите, незадоволителното ниво се должни и на недоволно спроведените активности за подготовка на засегнатите страни за примена на Законот, потоа на отсуството на стратегија и на непостоењето ефикасен надзор на примената на Законот.
Усогласување на закони од областа на туризмот со Законот за прекршоците
Законите од областа на образованието ќе се усогласуваат со Законот за прекршоците
Повеќе закони за урбанизмот ќе се усогласуваат со Законот за инспекциски надзор
Во подготовка измени на Законот за Царинската управа
Усогласување на законите за едношалтерскиот систем и за трговските друштва со Законот за прекршоците
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
M.В