/ Прочитано:

722

Законот за заштита од дискриминација ги штити правата на граѓаните, вели министерката за труд

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска учествуваше на Националната конференција за недискриминација, организирана од страна на Мрежата за заштита од дискриминација.

„Борбата против дискриминацијата е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на РСМ. Како одговорна Влада, а во интерес на граѓаните, сметаме дека ден поскоро Законот за спечување и заштита од дискриминација треба да биде донесен, во една демократска процедура согласно деловничките одредби во законодавниот дом“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова законско решение има силна поддршка од меѓународните институции, Венецијанската комисија, 70 невладини институции од нашата држава, што е уште една голема потврда за неговото влегување во сила.

„Законот е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација, но пред сѐ и изборот на едно професионално независно тело – Комисијата за спречување и заштита од  дискриминација, која ќе ја сочинуваат лица со професионално искуство од сферата на човекови права“, рече Шахпаска.

Министерката порача дека, покрај зајакнувањето на механизмите за заштита од дискриминација, донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација е уште една потврда дека земјава  има јасни аспирации и воедно испраќа јасен  политички сигнал дека е кредибилен партнер во преговорите со Европската Унија, кои официјално стартуваат во декември, со првата меѓувладина седница.

Законот за спречување и заштита од дискриминација пред пратениците

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација

Став и анализа на Блупринт за укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

За укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација

М.В