/ Прочитано:

826

Законот за заштита од вознемирување на работно место се усогласува со Законот за прекршоците

На дневен ред на денешната собраниска седница се измените на Законот за заштита од вознемирување на работно место. Решенијата содржани во Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место се меѓусебно поврзани со одделни одредби од Законот за прекршоците и Законот за инспекцискиот надзор.

„Со членот 1 се додава нов член 35-а, со кој се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор во делот на претходна постапка со изрекување на опомена за сторен прекршок.

Со членот 2 во членот 36 се врши  усогласување на досегашните глоби за сторен прекршок со новиот Закон за прекршоците, каде што е предвидено да се изрекува глоба за микро и мали работодавачи, средни и големи работодавачи, како и одредување на глоба за истиот прекршок за одговорното лице во правното лице, работодавач – физичко лице и службено лице. Се уредува  и надлежноста за прекршоците од членот 36 од овој закон и се предвидува надлежен орган за  водење на прекршочна постапка и изрекување на прекршочна санкција, а се уредува и  правото на  жалба и надлежноста на органот кој ќе одлучува по жалбата.

Со членот 4  се менува членот 37, со кој се уредува постапката на порамнување со издавање на прекршочен платен налог по претходно подготвен записник од страна на инспекторот“, се вели во законското образложение.

М.В