/ Прочитано:

1.168

Законот за зголемување на минималната плата пред Комисијата за труд

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, кој е предложен по скратена постапка, е на второ читање пред собраниската Комисија за труд и социјална политика.

„Висината на минималната плата изнесува 14.500 денари во нето-износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година“, се пропишува во законските измени.

„Со цел да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор, преку финансиска поддршка за работодавачите за кои ќе се изврши зголемување на платата на вработените, се наметна потребата и се предложи законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како  финансиска поддршка од Буџетот на Република Северна Македонија.

Имајќи предвид дека преку предложениот закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување ќе се создадат услови за зголемување на платите на вработените, се создаваат и услови за зголемување и на минималната плата, поради што е потребно да се извршат измени и дополнувања  на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, како и усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците“, се посочува во законското образложение.

Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка

„Фајнанс тинк“ за предложениот пораст на минималната плата

М.В