/ Прочитано:

1.277

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

„По добивањето на Мислењето на Венецијанската комисија, законите за судовите и за Судскиот совет се веќе ажурирани во насока на подобрување на законската рамка. Измените во овие закони треба да ги имаат предвид и да ги адресираат постојните предизвици и прашања со коишто се соочува судството. Она што е главна мотивација и посебен предизвик во Република Македонија, имајќи ги предвид проблемите со кои се соочува судството во Република Македонија, е прашањето како да воспоставиме систем со гаранции за независност на судството, но воедно да постои систем на одговорност на судиите“, вели министерката за правда, Рената Дескоска.

„Предизвик е попрецизно да се дефинираат основите за одговорност кај судиите, да се воспостави систем во којшто единствена основа за нивната работа ќе биде Уставот, законите и меѓународните конвенции, но исто така како да се воспостави систем на одговорност којшто нема да дозволи мешање или злоупотреба на политика во постапките за одговорност на судиите, систем којшто ќе спречи корпоративизам во рамките на судството, влијание на економски и други лоби-групи, или затскривање на судиите коишто не работат во согласност со закон и етичките критериуми во рамките на судството зад принципот на независност“, додава  министерката, која учествуваше на конференција посветена на законските измени.

Прашањето околу одговорноста на членовите на Судскиот совет во случај да постапуваат спротивно на уставните принципи на независност на судството, како и спротивно на законските принципи на независност и избор на квалитетни судии коишто ќе влегуваат во судскиот систем и нивното напредување, е прашање кое според министерката Дескоска се очекува да биде наскоро затворено.

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В