/ Прочитано:

1.475

Законски измени чија цел е бришење на условот за меѓународен сертификат за англиски јазик за автотакси возачите

Министерството за транспорт и врски подготвува измени на Законот за превоз во патниот сообраќај. Целта на Предлог-законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај е бришење на условот за поседување на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа, кој се однесува за автотакси возачи.

Лиценца од членот 7 став 1 точки 1 и 2 од овој закон може да добие домашно правно или физичко лице, односно превозник кој покрај останатите услови треба да има и вработено автотакси возачи во зависност од бројот на возила кои ги поседува минимум еден возач по возило, и да поседуваат меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа.

М.В