/ Прочитано:

1.017

Законски измени: Државните органи првенствено да набавуваат недвижни ствари од акционерските друштва во државна сопственост

Владата на РМ во Собранието на РМ предложи измени на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

„Со предложените законски решенија ќе се овозможи државните органи при набавката на недвижни ствари за свои потреби првенствено да набавуваат недвижни ствари од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје, пред да отпочнат постапка со прибирање на понуди. Исто така  се создава законска можност движните ствари кои ги користат државните органи да можат да се издаваат под закуп во постапка предвидена со постојниот закон“, се образложува во предложените законски измени.

М.В