Законски измени: МАНУ ќе се преименува во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Владата во Собранието поднесе измени на Законот за Македонската академија на науките и уметностите. Со Предлог-законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, се посочува во законското образложение, се врши усогласување со Амандманот XXXIII на Уставот на Република Северна Македонија.
Во Амандманот XXXIII, на кој упатуваат предложените законски измени, се пропишува дека во Уставот зборовите: „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите: „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите: „Северна Македонија“, освен во членот 36 од Уставот на Република Македонија.
Во таа насока, предложените законски измени се однесуваат на името на МАНУ, па така во Законот за Македонската академија на науките и уметностите насловот „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ се менува и гласи „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“, додека пак зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.
Со Законот за Македонската академија на науките и уметностите.се уредуваат статусот, задачите, финансирањето, изборот на членови и нивните права, органите и организацијата на дејноста на Македонската академија на науките и уметностите. Академијата е највисока и самостојна научна и уметничка установа во Република Македонија. Академијата е јавна установа од особено значење за Републиката.
Целосна листа на новите имиња на институциите во согласност со уставните измени
Грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор
Донесувањето на уставните амандмани на собраниска седница
Текстот на Предлог-амандманите за измени на Уставот поднесени во Собранието на РМ
Собранискиот деловник во врска со донесувањето и прогласувањето амандманите на Уставот
Соопштение за последните јавни дискусии за нацрт-амандманите за уставните измени
Соопштение за третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени
Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН
Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени
Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот
Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот
Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања
Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот
Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија
Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот
Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот
Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања
Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот
Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот
Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата
Во Министерството за правда засега нема предлог за уставните измени
Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот
ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум
Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот
ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум
За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна
Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд
ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот
Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот
Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август
Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот
Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В