/ Прочитано:

521

Законски измени за економските оператори да учествуваат во постапките за јавни набавки на НАТО

„Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, кој, меѓу другото, има цел во опфатот на законот да влезе и да се уреди начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во Република Северна Македонија во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки. Со овие законски измени се отвора можноста економските оператори од Република Северна Македонија да учествуваат во постапките за набавки на НАТО под исти услови како и економските оператори од другите земји членки на организацијата“, информираат од Владата.

М.В