Законски измени за јавнообвинителските службеници во СЈО по скратена постапка
Во Собранието се предложени измени на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка. Главната цел на донесувањето на овој закон е пополнување на правната празнина во однос на јавнообвинителските службеници во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба содржи 6 члена.
Со членот 1 се предвидува можност за исплата на додатоци на истражителите вработени или упатени во јавно обвинителство.
Со членот 2 се менува членот 120-в во насока на додавање на надлежност на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да одлучува за сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските службеници и лицата вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи, но само доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
Во членовите 3, 4 и 5 во постапките за вработување, пополнување на работните места и преземање на вработени во судовите, јавните обвинителства, органите на државната управа, државните органи и други државни институции во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите како јавнообвинителска служба покрај на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, надлежност во постапките му се дава и на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
Со членот 6 се уредува влегувањето во сила на законот“, се посочува во законското објаснување на измените.
М.В