/ Прочитано:

1.393

Законски измени за кратење на правото на апанажа предложени од Левица

Пратениците од Левица поднесоа измени на  Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Споредено со останатите работници во државава – било во јавниот или во приватниот сектор, кои се опфатени и на кои се однесува Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, овие лица мора да исполнуваат долга низа на таксативно наведени услови за да добијат месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност,ограничен на 50% од нивната плата и,дополнително,тој надоместоким следува за пократок временски период одпратеник во Собранието на РМ, функционер и раководен работник кој го именува Собранието на РМ, односно назначува телото што тоа ќе го овласти, Претседателот на Република Македонија и Владата на РМ.

Дополнително, се вели во законското образложение, работникот за да го добие тој месечен паричен надоместок не смее самиот да си даде отказ или да добие отказ поради своја вина, додека на пратеник или функционер паричниот надоместок по престанување на функцијата му следува без разлика на вредноста  остварениот учинок при вршење на функцијата и без разлика на причината за престанокот на функцијата.

Од наведените причини, ја увидовме потребата од носење на овој предлог на закон со којсе заштедуваат средства во државниот буџет, но истовремено се анулира и социјалната и економската нееднаквост која се продуцира од постојниот штетен и фаворизирачки закон.

„Предложениот антипривилегирачки закон ќе овозможи скратување напротивуставното т.н. право на апанажа на пратеник во Собранието на РМ, функционер и раководен работник кој го именува Собранието на РМ односно назначува телото што тоа ќе го овласти, претседателот на Република Македонија и Владата на РМ.

Со тоа, ќе се овозможи целосно исполнување и почитување на уставното начело на забрана на секаков виддискриминација, ќе се спречи дискриминација на граѓаните по основ на социјално потекло, имотна и општествена положба и сето тоа во насока на доследно почитување на еднаквоста пред законите и владеењето на правото, како темелена вредност на уставниот поредок.

Дополнително, со предложениот закон ќе се скратат расходите во државниот буџет за висината на овие непродуктивни и назаслужени трошоци и ќе се овозможи истите финансиски средства да бидат пренаменети за останати, особено важни државни политики“, се посочува во законското образложение.

М.В