/ Прочитано:

1.054

Законски измени за намалување на глобите во Законот за јавна чистота

„Владата го разгледа  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, заради усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците, при што измената се однесува на воведување на постапката за опомена  и намалување на глобите за физички и правни лица, согласно Законот за прекршоците“, соопштуваат од Владата.

Инаку, минатиот месец од Министерството за правда најавија измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина. Целта на законските измени, посочија од Министерството, е зголемување на казните од областа на животната средина.

М.В